18 Декември, 2025
0.0689

ЕВЕ ВО КОИ УСЛОВИ ДСЗИ ЌЕ ЗАБРАНИ ПОСЕТА ВО ГРАДИНКИ НА НЕВАКЦИНИРАНИ ДЕЦА СО ДТП: Сега за сега се вршат вонредни инспекциски надзори и санкции за родителите што не вакцинираат

Објавено во: Македонија 06 Март, 2024 13:37

Добивај вести на Viber

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе забрани посета во градинки на деца кои немаат примено ДТП вакцина, само доколку препораката на Комисијата за заразни болести како советодавно тело на министерот за здравство, биде прифатена и со одлука, а Министерството за здравство му наложи на Инспекторатот вршење вонредни инспекциски надзори заради увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена ДТП вакцина, порача денеска директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

По најновите препораки од вчерашната седница на КЗБ за спречување на ширењето на голема кашлица таа посочи дека надлежноста на ДСЗИ е во делот на санкционирање родители кои не вакцинирале дете. 

КЗБ на вчерашниот состанок, како што рече Младеновска, донесе препорака Државниот санитарен и здравствен инспекторат да се вклучи во активност вршење вонредни инспекциски надзори што се однесуваат на забрана на примање деца во предучилишни установи, кои не се имунизирани со вакцина ДТП согласно редовниот календар за имунизација, а се со цел да се интензивира офатот на вакцинирање во услови на епидемија на пертусис - голема кашлица, прогласена на територија на Скопје.

Младеновска потсети дека од почетокот на епидемијата контролата на вакциналниот статус на децата згрижени во предучилишните установи ја врши Министерството за труд и социјална политика, согласно нивната законската регулатива, што ја уредува документацијата за прием на деца во овој тип на установи, вклучувајки и доставување на потврда за вакциналниот статус.

- Надлежноста на ДСЗИ е во делот на санкционирање на родителите кои не го вакцинирале своето дете, преку спроведување постапка за порамнување, а по добиен список од страна на вакциналните пунктови. Висината на казната за родител- старател изнесува 300-650 евра во денарска противвредност, изјави Младеновска.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, истакна, согласно своите надлежности при вршење на редовни инспекциски надзори, не врши увид во потврдите за вакцинален статус на децата згрижени во детските градинки.

- Согласно Законот за заштита на населението од зразни болести, како и при прогласената епидемија на морбили 2019 година така и во случајот со активната епидемија на пертусис, ДСЗИ ќе забрани посета на деца во детски градинки кои немаат примено ДТП вакцина, само доколку препораката на КЗБ како советодавно тело на министерот за здравство, биде прифатена и со одлука, Министерството за здравство му наложи на Инспекторатот вршење вонредни инспекциски надзори во наведените установи, детски градинки заради увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена ДТП вакцина. Дотогаш, МТСП продолжува да ја спроведува веќе започнатата теренска активност што трае од почетокот на епидемијата, истакна Младеновска.

Најави дека за март ДСЗИ во месечниот план за работа има предвидено посета на сите вакцинални пунктови во здравствените домови ширум државата, да се провери опрема и простор од санитарно хигиенски аспект, дали има соодветни разладни уреди поврзани со агрегат, опрема за транспорт дали правилно се одлага медицинскиот отпад, дали имаат антишок терапија, уредна евиденција и докуменатција за извршена имунизација и потсетување за испраќање списоци со лични податоци за детето и која вакцина не е примена, се со цел да се повикаат родителите на порамнување.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери