ЕВЕ ЗА ШТО РАЗГОВАРАЛ МУЦУНСКИ СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА: „Имав пријателски разговор“
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2025
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски телефонски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев. Како што објави на мрежата Икс, Муцунски во разговорот ја изразил решеноста за јакнење на партнерството и унапредување на соработката.
Муцунски на Георгиев му честитал и за назначувањето на функцијата.
-Имав пријателски прв телефонски разговор со Георг Георгиев, новиот министер за надворешни работи на Бугарија. Му го честитав назначувањето и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок, напиша Муцунски на Икс.
Фото:МИА