Еве зошто Бугарија не даде зелено светло
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Ноември, 2020
Бугарија не сакала нејзините условувања да завршат како декларација на ЕУ.
Агенцијата БГНЕС oбјави дека Бугарија го одбила предлогот во ЕУ нејзините барања да бидат ставени во декларација надвор од преговарачката рамка, за да даде зелено светло за започнување на преговорите со Македонија. Бугарското МНР објави дека Бугарија официјално ја известила Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената рамка за преговори за Република Северна Македонија и нацрт-декларацијата до неа. Како аргумент се наведува дека не постојат потребни гаранции за исполнување на условите поставени од Бугарија.
Рамката за преговори предвидува можност за поставување на нашите услови во декларацијата на Советот на ЕУ која не е правно обврзувачки инструмент, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.
-Барањето на Бугарија до европските институции е нејзините услови да се рефлектираат директно во Рамката за преговори. Бугарија инсистира на тоа дека Република Северна Македонија треба да ги исполни своите обврски согласно Договорот за добрососедство и пријателство, дека не го признава македонскиот јазик и е против тоа да биде регистриран како официјален јазик на Европската унија, пишува БГНЕС.
Разочарани сме од одлуката на Република Бугарија да не го поддржи усвојувањето на Рамката за преговори за Северна Македонија, што не е во согласност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017, брифираат за Фактор од Владата.
Велат дека остануваат посветени на Договорот и уверени се дека тој претставува одлична рамка за менаџирање на билатералните прашања и нуди механизми за надминување на проблемите.фото БГНЕС
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.