19 Декември, 2025
0.1087

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕНА ДИРЕКТОРКАТА ОД ДЕМИР ХИСАР: Се огласи градоначалникот на општината

Објавено во: Македонија 15 Август, 2025 08:04

Добивај вести на Viber

Во интервју за „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител , градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски говореше за последните случувања во врска со разрешувањето на директорката Лозановска во СОУ „Крсте Петков Мисирков“.

Нагласи дека  процесот на разрешување е законски и врз основа на решение добиено од Државен просветен инспекторат по утврдени низа нерегуларности во однос на извршување на наставниот процес во самото училиште.

„Овој процес е чисто законски и е врз основа на решение добиено од Државен просветен инспекторат, во коешто јас се задолжувам веднаш и без одлагање да ја разрешам директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар. Исто како што предвидува законот постапив веднаш“, истакна градоначалникот Најдовски.

Тој потенцираше деказа финансиски нерегуларности против директорката се води друг случај, а во врска со актуелниот, таа се разрешува заради нерегуларности во работењето со остварувањето на наставата. 

„По однос на финансиските нерегуларности, против директорката се води друг случај, а овој случај, односно ова решение кое јас го добив од просветен инспектор е за големи нерегуларности во однос на извршување на наставниот процес во самото училиште. Се доставува решение во коешто се констатира дека не се остварени 158 наставни часа од годишниот фонд за редовна настава во училиштето, што значи дека по неколку наставни предмети учениците воопшто и не одржувале настава. Не се одржува дополнителна настава по 16 наставни предмети во две паралелки во учебната 2023/2024 година“, заклучува Најдовски.

View this post on Instagram

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот