18 Декември, 2025
0.0559

Еве зошто се партизира „Македонски навигации“ - просечната плата се зголемила на 3.000 евра

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Просечната месечна нето плата во „Македонски навигации“, која своето финансирање го обезбедува главно од наплата на прелети, достигнала речиси 3.000 евра во текот на минатата година, покажува новообјавената завршна сметка и извештајот за работењето во 2024.

За 309 вработени биле исплатени 10,3 милиони евра за нето плати, односно за повеќе од 1,1 милиони евра во однос на претходната година . Просечната нето плата била 170 илјади денари, или 2.780 евра.

Од „контролата на летање“ во извештајот напоменуваат дека зголемувањето на платите се должи на нов колективен договор кој во меѓувреме имал и анекс. Покрај тоа, платите се зголемиле со враќање на делот од платите кој бил „замрзнат“ во корона кризата. Ова зголемување се должело и на подобрувањето на воздушниот сообраќај во 2024 година

М-НАВ е најпосакуваната државна компанија на ранг листата за вработување во однос на сите државни акционерски друштва и јавни претпријатија. Се работи за услужна компанија со уникатна дејност – го контролира движењето на авионите и други воздухоплови на македонското небо. Тука влегуваат прелетите, полетувањата и слетувањата на пистите на нашите аеродроми. За таа услуга во најголема мерка наплатува од „Еуроконтрол“ суверено тело кое го менаџира европското небо.

Основниот граѓански суд Скопје по поднесената тужба од тројцата директори на Македонска навигација (М-НАВ) со Предлог за забрана за организирање на штрајк, минатата недеа го забрани најавениот штрајк за 20 октомври од страна на Синдикатот на контролори на летање. Контролорите претходно искажаа огрмно незадоволство од партизацијата, особено по последниот оглас за вработување.

Бруто платите и другите трошоци за вработените се убедливо најголемиот расход за „М-Нав“, кој годинава, според финансиските проекции, планира да собере 23,33 милиони евра, главно од наплата на прелети, но и од приходи по основ на терминални услуги и приходи од останати услуги како по основ на давање на радарска слика и комуникациски услуги на Hungarocontrol.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје