04 Јули, 2024
0.0332

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

Објавено во: Економија 02 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Мирослав Митровски, синот на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров - Сокол Митровски и претходно „отпишан“ како вовлечен во аферата „Делчевски ниви“ без обвинителска разрешница, е назначен за нов директор на универзалниот снабдувач и наплатувач на електрична енергија за домаќинствата на регулираниот пазар ЕВН Хоме.

Вчера доцна попладне Централниот регистар објави промена дека Митровски е назначен за управител на ЕВН Хоме на местото на Австриецот Јирген Флајшхакер. Одлуката е донесена на вчерашниот ден, а Митровски решенијата ќе ги носи со врзан потпис заедно со уште едно ополномоштено лице.

Пред две и пол недели беше објавено дека Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и исто така „жигосан“ во аферата „Делчевски ниви“, е назначен за член на Управниот одбор на фирмата-мајка АД ЕВН Македонија.

Пред две години на Гиевски и Митровски им беше одредена првична мерка притвор, по што ЕВН Електрани, уште една фирма-ќерка на АД ЕВН Македонија, но за производство на струја, по кратко време ги разреши од менаџерските позиции.

Минатата година во октомври пропадна целиот случај „Делчевски ниви“. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за запирање на истражната постапка против седум лица и беше соопштено дека постапката е запрена поради немање докази и сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН.

Медиуми подоцна оваа афера ја протолкуваа како обид да се компромитира тогашната опозиција и актуелниот премиер Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ потоа преку соопштение во јавност побара извинување од власта за креирање наводен случај без докази.

Предметот се однесуваше на купување земјиште од ЕВН Електрани за изградба на фотоволтаични централи во Делчево, кое било платено 40-тина пати поскапо од реалната пазарна цена од претходни сопственици наводно блиски на тогашната опозиција.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПРОДАВА ЕДЕН ОД СИМБОЛИТЕ НА НОВИ САД: Се споменува бројка од 177 милиони евра, а се чека само уште еден документ

СЕ ПРОДАВА ЕДЕН ОД СИМБОЛИТЕ НА НОВИ САД: Се споменува бројка од 177 милиони евра, а се чека само уште еден документ

Граѓани наплатија над 7 милиони евра од осигурување живот за пет месеци

Граѓани наплатија над 7 милиони евра од осигурување живот за пет месеци

ТУРСКИ ЈИЛДИРИМ КОЈ СТАНА ГАЗДА НА НАШ ФЕНИ, РАБОТИ И ВО ХРВАТСКА - еве во која компанија таму е мнозински сопственик

ТУРСКИ ЈИЛДИРИМ КОЈ СТАНА ГАЗДА НА НАШ ФЕНИ, РАБОТИ И ВО ХРВАТСКА - еве во која компанија таму е мнозински сопственик

„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ - емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ - емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА, ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА МОЖАТ ДА ПОЧНАТ - се редат огласи, но што е со ниските плати

ИЗБОРИТЕ ЗАВРШИЈА, ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА МОЖАТ ДА ПОЧНАТ - се редат огласи, но што е со ниските плати

ЦРН РЕКОРД: Кое охридско комунално претпријатие плаќа струја 19 отсто поскапа од берзата?

ЦРН РЕКОРД: Кое охридско комунално претпријатие плаќа струја 19 отсто поскапа од берзата?

ЗА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - БЛАЦЕ ДВЕ ГОДИНИ ПО РЕД СЕ ТРОШАТ „НУЛА“ ДЕНАРИ: Дел од него требаше да биде готов во август 2021 година

ЗА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - БЛАЦЕ ДВЕ ГОДИНИ ПО РЕД СЕ ТРОШАТ „НУЛА“ ДЕНАРИ: Дел од него требаше да биде готов во август 2021 година

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА КИНА: За купени производи од „Алиекспрес“ и „Шејн“ можно е да се воведат царини

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА КИНА: За купени производи од „Алиекспрес“ и „Шејн“ можно е да се воведат царини

ПРОБЛЕМ КОЈ ЈА МАЧИ ТУРЦИЈА: Koлку изнесува инфлацијата?

ПРОБЛЕМ КОЈ ЈА МАЧИ ТУРЦИЈА: Koлку изнесува инфлацијата?