СЕ ПРОДАВА ЕДЕН ОД СИМБОЛИТЕ НА НОВИ САД: Се споменува бројка од 177 милиони евра, а се чека само уште еден документ
Објавено во: Економија 04 Јули, 2024
Двата најголеми трговски центри во Нови Сад, BIG и Promenada, наскоро би можеле да бидат дел од иста компанија. Српската подружница на компанијата CEE BIG BV ќе стане сопственик на новосадскиот трговски центар Променада, се вели во соопштението на NEPI Rockcastle, во чија сопственост е шеталиштето.
„NEPI Rockcastle соопштува дека на 3 јули склучила обврзувачки договор за продажба на 100 отсто од акциите на својата ќерка компанија NE Property N.V., која е сопственик на трговскиот центар 'Променада Нови Сад', со српската филијала на компанијата CEE BIG BV“, пишува во соопштението, во кое се додава дека цената на договорот е 177 милиони евра, пишува Bloomberg Adria.
Компанијата NEPI Rockcastle по ова нема да работи во Србија и наведуваат дека одлуката за продажба е дел од нивната стратегија да инвестираат само во земји со инвестициски кредитен рејтинг.
Се додава дека NEPI ќе ги искористи средствата од продажбата за понатамошна изградба и преземања. Договорот се уште не е финализиран, бидејќи се чека одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата и одобрение за финансирање од банката.
Комисијата ја покрена постапката во април со образложение дека спојувањето може значително да го зголеми степенот на концентрација на овој пазар. BIG тврди дека предметите се од различна природа и дека нема преклопување во концентрацијата.
biznis.kurir.rs/Bloomberg Adria