ЕВН Македонија ја доби Националната награда за безбедност и заштита при работа
Објавено во: Мои пари 28 Април, 2015 14:06
По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 Април, Македонското здружение за заштита при работа ги додели националните награди за компаниите кои ги спроведуваат најуспешните практики во оваа област.
ЕВН Македонија ја доби Националната награда за добра пракса на безбедност и заштита при работа за 2014 год.
„ Животите и здравјето на вработените се највисок приоритет на ЕВН Македонија. Затоа постојано работиме на унапредување на процесите за заштита и безбедност при работа. Задолжителната примена на правилата за работа, најсовремената опрема за заштита на работниците, едукацијата на вработените и постојаниот процес на тренинг и контроли придонесоа да се намали значително бројот на несреќи при работа. Оваа награда ја сметаме како потврда на нашите заложби, но и доказ дека сме во вистинската насока на остварување на целта, заштита на нашите вработени при изведувањето на исклучително тешките и на моменти опасни работни задачи, изјави г. Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Тема на овогодинашното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа беше „ Вклучи се во градење култура за превенција за безбедност и здравје при работа“.
Беше претставен и Годишниот извештај за несреќи при работа во Македонија за 2014 годин.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




