19 Декември, 2025
0.0631

ЕВН Македонија со нова попрегледна фактура за електрична енергија

Објавено во: Мои пари 22 Декември, 2015 14:50

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија на корисниците од првата отчитувачка група. Новите фактури имаат нов поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни. До крајот на месец јануари сите корисници во Македонија ќе добијат нови попрегледни фактури за електрична енергија.

Во фактурите кои корисниците во иднина ќе ги добиваат наведени се: податоци за корисникот и фактурата, адреса за коресподенција, износот на испорачаната електрична енергија, комуналната такса, евентуалните камати поради задоцнето плаќање, рокот за плаќање на фактурите, износот на заостанатиот долг, детални податоци за старите и новите состојби и други  дополнителни информации.

evn nova faktura evn nova faktura1

Заедно со новите фактури, корисниците ќе добијат и детално објаснување за нивната содржината.

Целта на новите фактури не е само да овозможиме поедноставен и попрегледен увид во испорачаната електрична енергија на корисниците. Во рамки на фактурата ќе биде достапен и податок за просечната дневна потрошувачка на корисникот во киловат-часови и во денари.

Дополнително, корисниците ќе имаат на располагање и примери за просечната потрошувачка на апаратите за домаќинство. Овие информации може да се искористат како одличен индикатор за пресметување на потенцијалот за заштеда  на електрична енергија во домот. На фактурите исто така, транспарентно ќе биде претставена и распределбата на трошоците помеѓу сите учесници на пазарот, што секој краен корисник ги плаќа преку својата сметка.

Со промените во дизајнот и квалитетот на информациите во фактурите за електрична енергија се надеваме дека корисниците ќе можат полесно да ја планираат својата потрошувачка на електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка