16 Декември, 2025
0.0619

Еврогрупата и Грција почнуваат експертски преговори

Објавено во: Балкан 10 Март, 2015 16:35

Добивај вести на Viber

Како што ја предупредија Грција дека „нема време за губење“, министрите за финансии од еврозоната се договорија техничките преговори меѓу финансиски експерти од Атина и тројката кредитори да започнат во средата, соопшти Ројтерс.

„Доволно долго разговаравме за прашањето“, изјавил холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогрупата Јерун Дајселблум пред крајот на средбата во Брисел доцна во понеделникот. Тоа беше прв состанок на еврогрупата за грчката криза од 20 февруари наваму. Тогаш беше договорено продолжување на кредитната програма за Атина до јуни. „Имате само четири месеци. Да се ​​фаќате за работа“, додаде Дајселблум . Во преговорите треба да се утврди каква е финансиската состојба на Грција и од какви средства има потреба земјата.

Трпението е при крај

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги пак истакнал во понеделникот на средбата во четири очи со грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис дека Атина треба да им овозможи на странски експерти да го проверат финансискиот биланс на земјата, за да ја проценат реалната потреба за пари на Грција , дополнува Блумберг. Новата грчка влада, која сака да им покаже на избирачите дека треба предизборните ветувања за прекин на изречените од Брисел штедења го стави на тест трпението на своите европски партнери. Според ЕУ Атина ги прошири прекумерно преговорите за тоа како и каде да се одржат нови разговори, кој да одреди дали Грција ги почитува условите на доверителите и колку пари всушност и се потребни.

Во знак на компромис Дајселблум објави дека  преговорите кои ќе започнат во среда меѓу Грција и нејзините кредитори од Европската комисија, ЕЦБ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе се одржат во Брисел наместо во Атина, како досега. Еврогрупата исто така отстапи  пред барањето на Грција доверителите да не се нарекуваат веќе „тројка“, туку едноставно „институциите“. Варуфакис го претстави ова како успех на грчката дипломатија.

„Тројката е секта технократи кои доаѓаа во Атина и влегуваа кај министрите со такво потценување што мирисаше на колонизаторски менталитет“, истакнал Варуфакис на прес-конференција по состанокот во Брисел. „Оваа работа заврши. Ќе се обидеме да направиме се што е потребно за да им ги обезбедиме на институциите сите потребни информации“.

Се бараат пари за две рати кон ММФ до 20 март

Дајселблум призна дека Грција е под голем притисок за изнаоѓање на свеж капитал за претстојните исплати овој месец , но додаде дека оваа тензија треба да послужи како поттик за договор со доверителите. Според претставниците на грчката влада Атина има доволно пари за втората рата од 310 милиони евра долг кон ММФ, чиј рок на достасување е на 13 март. На 16 и 20 март, сепак треба да се исплатат уште две рати на истата вредност.

Еден од условите на Еврогрупата пред Грција беше да се претстави листа со реформи кои планира веднаш да ги примени. Во предлозите Атина ја истакна наплатата на даноци. Грција прибегнуваше кон стари предлози како пред две години за поттикнување на клиентите во земјата да земаат касови белешки за стоки и услуги, со кои потоа ќе учествуваат во лотарија. Еврогрупата и конкретно германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле сметаа дека овие реформи се далеку од потребното, и инсистираа за уште.

Во одговорот на тоа Варуфакис се закани со нови избори во Грција и ги обвини доверителите на земјата. „Паметните луѓе во Брисел, Франкфурт и Берлин знаеја уште во мај 2010 година дека Грција никогаш нема да може да ги врати долговите. Сепак тие продолжија да се однесуваат како земјата да не банкротирала, туку едноставно дека нема доволно ликвидност“, изјавил грчкиот министер во документарен филм, емитуван на германската „ARD“ во денот на преговорите во Брисел.

„Во оваа ситуација да и даваш на веќе банкротираната земја најголемиот кредит во историјата на човештвото, значи да се однесуваш како трето училишен корумпиран банкар, тоа е злосторство против човештвото“, смета Варуфакис.

 

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени