01 Ноември, 2024
0.1189

Еврогрупата одобри 5 милијарди евра помош за Грција

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Советот на министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната се согласија за издавање на 5 милијарди евра на Грција во две транши, но  под услов земјата да ги постигне целите утврдени во условите на договорот со меѓународните кредитори за добивање на вториот спасувачки финансиски пакет, се наведува во соопштението на министрите. Грција ќе добие помош од 2,5 милијарди евра од Европскиот механизам за финансиска стабилност по , како што се наведува,  целосното реализирање на реформите, вклучувајќи ја и подобрената наплата на даноци. Заедно со ова, на посебна сметка ќе бидат префрлени и 1,5 милијарди евра од профитот на Европската централна банка и централните банки на земјите-членки на еврозоната од грчките државни обврзници. Втората транша од 0,5 милијарди евра ќе стигнат во октомври, но че зависат и од целите договорени како услов за вториот спасувачки пакет со меѓународните кредитори ( Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка). Заедно со него оваа транша ќе стигнат  уште 0,5 милијарди евра од профитот на ЕЦБ и централните банки на земјите од еврозоната од грчките државни обврзници. Според белгискиот министер за финансии Кун Хенс, освен овие средства, Грција ќе добие транша во износ од 1,8 милијарди долари од ММФ во август. Потоа генералниот директор на финансиската институција Кристин Лагард, пренесува ИТАР-ТАСС, го потврди износот прецизирајќи дека таа ќе биде доделена по разгледувањето на извештајот на штотуку завршената мисија на "тројката" во Атина. „Врз основа на анализата на овој документ ќе биде донесена одлука за доделување на Грција 1,8 милијарди евра", истакна Лагард. Мисијата веќе даде позитивна оценка за антикризните напори на грчките власти, нагласувајќи дека активностите на владата „генерално одговараат на барањата на доверителите". Покрај значителниот напредок сепак „спроведувањето на планот во некои области заостанува", се додава во документот. Грција мора да продолжи да ги исполнува обврските кон кредиторите , особено во областа на здравството, пазарот на трудот и реформирањето на даночните закони. Лагард истакна и дека ММФ не ја разгледува можноста за прекин на помоша кон Грција. „Не станува збор за запирање на плаќањата. Ние сме партнери во рамките на оваа програма и продолжуваме да и даваме целосна поддршка на Грција ", посочи генералниот директор на ММФ.

Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот