Добивај вести на Viber
Во последните години во Европа како целина, но и во одделни држави, се забележува интересен парадокс - високо ниво на невработеност, но во исто време и недостаток на образована работна сила. И тоа не станува збор само за специфични професии, туку и за модерните во последно време, “зелената“ економија и информатичка технологија.
Според последните податоци на Еуростат кон крајот на септември без работа во ЕУ се 11,6% од работоспособното население, или речиси 26 милиони луѓе. И покрај тоа многу сектори имаат тешкотии да ги најдат потребните специјалисти. Еден од методите за справување со ситуацијата е да се увезе работна сила, за што се направи европската програма "Сина карта", која, по примерот на американската "Зелена карта", има за цел да привлече високообразовани луѓе од трети земји, заедно со нивните семејства.
"Сината карта" беше воведена пред речиси две години, но се уште не ја докажала својата ефикасност. Покрај желбата за живот и работа во ЕУ, кандидатите за оваа карта треба да имаат договор за работа.
Во почетокот, Германија на пример, воведе минимален годишен приход од 66 илјади евра. Подоцна, приходот со кој работникот може да конкурира за сина карта во Германија беше симнат до 44,8 илјади евра годишно. Но високообразованите кандидати за пополнување на ваквите работни места сеуште ги нема доволно.
Затекнати од оваа ситуација, европските службеници се свртија кон внатрешните ресурси на заедниците и понудија модернизација на мрежата EURES. Така ќе биде подобрена мобилноста на вработените, што е една од основните слободи во ЕУ, а од друга страна ќе биде поставен темел за заедничкиот европски пазар на труд.
Мрежата EURES помага за наоѓање на работни места во целата унија. По предложените реформи сепак акцентот ќе биде ставен на секторите и професиите каде што има недоволно квалификувани работници, како и на младинските програми. Олеснет ќе биде и пристапот на работодавачите кон биографиите на лицата кои бараат работа, посочуваат од Европската комисија.
Македонија не е дел од европското семејство, па има големи ограничувања за работа на македонските граѓани во земјите од ЕУ.
Но во Бугарија на пример, која е релативно нова шленка во унијата нештата стојат малку поинаку. Здруженијата на работодавци одамна предупредуваат за недостаток на соодветна поврзаност помеѓу бизнисот и образованието. Како резултат, има голем вишок во неколку области како правото и јавната администрација, но не и во другите области. Експертите стравуваат дека во следните години многу луѓе ќе заминат во пензија, а одливот на мозоци, кој ќе биде стимулирана и преку мрежата EURES, ќе направи сериозен проблем во државата.
Затоа се поставува прашањето, дали Бугарија преку програмите како "Сина карта", ќе треба да привлекува образовани работници додека нејзините си заминуваат во потрага по повисоки плати и подобар живот во западна Европа?
Според податоците на Агенцијата за вработување, лани во земјата се доселиле на овој начин 11 високо квалификувани професионалци, а издадени се и 570 дозволи за работа на странци.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.