ЕВРОПА И ПОМАГА НА СРБИЈА: Ќе испратат медицински персонал
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Јули, 2020
Соседна Србија ќе добие помош од Европската Унија за справување со пандемијата.
ЕУ ќе испрати 200 медицински лица во Србија.
Српската Влада, делагацијата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС) ќе потпишат договор за ангажирање на околу 200 здравствени работници.
Министерството за европски интеграции објави дека ангажирањето на здравствените работници ќе биде овозможено со средства на ЕУ.
Амбасадорите на земјите – членки на ЕУ синоќа ги отстранија Србија и Црна Гора од листата на земји за кои до сега важеше препораката дека може да се патува, надвор од границите на Шенген. Оваа забрана ќе трае најмалку две недели.Бројот на заболени во Србија расте, а пред неколку дена бешше трета во Европа по бројот на жртви на дневна основа, односно починаа 18 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.