Европа има над 10 милиони заразени
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Октомври, 2020
Европа го надмина прагот од 10 милиони заразени со коронавирусот.
Информацијата ја соопшти регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.
Изминатата недела, според СЗО, Европа има најголем раст на случаи на коронавирусот од почетокот на пандемијата.
Во изминатите седум дена се пројавени 1,5 милиони пациенти.
„Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми од седум на девет милиони за само 14 дена, а денеска Европа го надмина прагот од 10 милиони случаи“, рече Клуге.
Во повеќето европски земји во период од 14 дена е регистрирана многу висока стапка на инциденца од повеќе од 200 случаи на 100.000 жители.
Хоспитализирани се повеќе од 10 лица на 100.000 жители во третина од земјите во Европа.
Има раст на смртните случаи за 32 проценти низ целиот континент.
Франција и Германија одат во карантин, а здравството во Белгија е пред колапс.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.