Европа се реиндустријализира, но не е се така розово - Годишно гинат 175 илјади работници
Објавено во: Анализа 14 Ноември, 2025 19:59
Европа старее, и требаат милиони работници во следните десет години, што поради недостиг на домашен кадар, што поради геополитичките предизвици кои ќе захтеваат поголема стапка на индустријализација, како за одржување на европската компетитивност во енергетиката и технологијата, така и во одбранбената индустрија.
Но, иако се очекува раст на индустрискиот сектор на ЕУ, истовремено расте и бројот на работници во ризик по сопствениот живот и здравје. Организациите за заштита при работа проценуваат дека годишно во земјите од Европската Унија гинат околу 175 илјади работници.
Дел од смртните случаи се како директна последица на работното место, а дел се должат на долгорочни последици врз здравјето, особено со канцерогени, кардиоваскуларни и белодробни заболувања, а не се за потценување ниту последиците врз менталното здравје.
Во следните десет години до 2035 година се очекува да бидат отворени 10 милиони нови работни места, а уште околу 95 милиони да бидат отстапени од кадар кој ќе се пензионира.
Дел од растот ќе се однесува и на зголемување на индустрискиот капацитет како и одбранбена индустрија, за Европа да може да одговори на заканите од потенцијален директен воен судир со Русија.
Европските високоразвиени земји се посакувана дестинација за бројни мигранти, вклучително Македонци кои се повеќе се иселуваат во странство барајќи секаков вид на работа, како и на економските мигранти од регионот на Западен Балкан.
Според трудовите организации, токму трката на Европа да го одржи чекорот за да биде повеќе независна и самоодржлива, ќе доведе до намалување на работничките стандарди и регулативи, а со тоа и зголемен ризик од повреди и последици врз работниците предизвикани на работното место.
Европската Унија планира да ги олесни условите за привлекување странски работници, особено во критичните сектори каде има и најголем недостиг на работна сила. Позициите варираат од високо образовани кадри како на пример доктори и софтверски инжери, па се од квалификувани работници како електричари, инсталатери, заварувачи и готвачи.
Исто така во наредниот период ќе се следи начинот на имплементација на европските трудови регулативи во сите земји членки подеднакво со цел да се намали бројот на смртни случаи и долгорочни последици врз работниците.
Х.С.Можеби ќе ве интересира
Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max
Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување




