Европа сега нема мир од индискиот сој
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Јули, 2021
Европа сега нема мир поради ширењето на индискиот сој.
Холандија повторно има голем пораст на новозаразени. За помалку од две седмици, дневниот број на позитивни тестови се зголеми скоро шест пати, а најголем број нови инфекции се откриени кај младите луѓе.
Според Државниот завод за јавно здравје во Белгија, бројот на новозаразени во земјата е зголемен за 70 отсто во споредба со претходната недела. Во оваа земја стапката на позитивни тестови е зголемена за 53 отсто. Овој сој веќе е доминантен и во Германија. Тамошните власти велат дека во моментов 59 отсто од сите инфекции отпаѓаат на индискиот сој. Состојбата е лоша и во Италија, Шпанија, Португалија.
И во Македонија има кластер со заразени од индискиот сој.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.