ЕВРОПА ВРБУВА 11 МИЛИОНИ ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ - сепак, платите не се доволни, па имаат и втора дејност
Објавено во: Економија 30 Мај, 2024 07:42
Европскиот статистички центар објави дека во текот на 2021 година, во Европската унија биле вработени 11,3 милиони луѓе, во економски активности поврзани со туризмот. Сепак, не сите се потпирале само на туризмот во своите приходи.
Од вкупниот број на вработени, најголем дел или 6,8 милиони работници биле опфатени во индустријата за храна и пијалаци, 2,1 милиони во секторот за сместување, 1,8 милиони во транспортот и 0,4 милиони за туристички агенции и тур-оператори.
Трите индустрии кои речиси целосно се потпираат на туризмот, како што се капацитетите за смествуање, туристичките агенции или тур-операторите и дејности поврзани со воздушниот транспорт вработија 2,8 милиони луѓе во ЕУ.
Работната сила во туризмот во која доминираат жени
Туристичките индустрии беа главен работодавач на жените. Во 2023 година, меѓу вработените во избраните туристички индустрии, 57,6 проценти биле жени, 21,2 процентни поени (п.п.) повеќе отколку во вкупната нефинансиска деловна економија каде се опфатени 36,4 отсто.
Учеството на хонорарното вработување во туристичките индустрии опфаќа високи 21,3 проценти, што е за 6,1 процентни поени поголемо отколку во вкупната нефинансиска деловна економија каде се опфатени 15,2 отсто од вработените.
Туристичките индустрии привлекоа малку поголем удел на помладата работна сила, со 11 отсто од работниците на возраст од 15 до 24 години во споредба со 9 проценти опфатени во нефинансиската деловна економија.
Во 2023 година, учеството на лицата со пониско образовно ниво во туризмот беше 20,2 отсто.
Странските граѓани сочинуваат 15,9 отсто од работната сила во туристичките индустрии. Притоа 7 проценти од работната сила доаѓа од другите земји на ЕУ и 9 отсто од земјите кои не се членки на унијата.
Веројатноста за одржување на привремен договор беше за 8,8 п.п. повисока во туризмот отколку во вкупната нефинансиска деловна економија.
Слично на тоа, уделот на нововработените кои ја држат својата сегашна работа помалку од една година исто така беше повисок во туризмот отколку во нефинансиската деловна економија како целина 23,1 отсто наспроти 14,8 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета




