Добивај вести на Viber
Годишната инфлација во еврозоната падна во октомври на 2,5 отсто, потврди завод за статистика на ЕУ, Еуростат, чии податоци покажуваат и благо слабеење во Европската унија. Најниска годишни стапки, во октомври се регистрирани во Грција (0,9 отсто), Шведска (1,2 отсто) и Летонија (1,6 проценти) и највисоко во Унгарија (шест отсто), Романија (пет отсто) и Естонија (4 , 2 проценти). Во споредба со септември, годишната инфлација падна во тринаесет земји, се зголеми за десет и остана непроменета во четири земји-членки на Унијата. На годишна основа во октомври, значително зголемување има кај превозот за 4,1 отсто, кај алкохолните пијалоци пак, тутунот и домувањето за четири проценти.
Комуникацијата поевтини
Спротивно на тоа, цената на комуникациски услуги се намали за 3,5 отсто, додека цените на рекреација и култура за еден процент.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.