19 Декември, 2025
0.0820

Европратеникот Ковачев за Фактор: Која алтернатива ја нуди ВМРО-ДПМНЕ?

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2018 07:00

Добивај вести на Viber

Очекувам во наредните денови, уставните измени да поминат во Собранието, а ако се случи другата ситуација тогаш тоа дополнително ќе ја забави Македонија на нејзиниот пат кон членството во ЕУ и НАТО, вели за Фактор, европратеникот од Бугарија Андреј Ковачев. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов се фокусира само на критики без да понуди друга употреблива алтернатива.

Ковачев: Македонската влада веќе побара од Парламентот да го започне процесот за измена на уставот за промена на името на земјата. Очекувам во наредните денови, измените да се изгласаат во Собранието. Ако опозицијата навистина го бојкотира гласањето, како што се заканува, тоа ќе ја стави земјата во еден ќорсокак и ќе ја врати на стартната позиција во преговорите со Грција. Во исто време премиерот Зоран Заев веќе објави дека ќе има предвремени избори, ако уставните амандмани не поминат, што само дополнително ќе ја забави Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ и НАТО.

Фактор: Сепак, се уште поддршката на опозициската партија во Собранието е неизвесна. Очекувате ли некаква, каква било промена?

Ковачев: Одлуката на опозицијата да не го поддржи референдумот и ратификацијата на Договорот е нивно право, но е добро ако веќе нешто отфрлаат да им понудат и употреблива алтернатива на своите граѓани. Полесно е да се зборува против донесени решенија во една тешка и сложена ситуација отколку да се понуди одржлива и употреблива алтернатива. Критикувајќи без да понуди алтернатива, ВМРО-ДПМНЕ се држи политички неодговорно кон своите гласачи, кон граѓаните на Македонија и иднината на земјата. Да не заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ се исто против Договорот за добрососедство со Бугарија и на тој начин ја ставија под голем прашалник историската смисла на кратенката ВМРО.

Фактор: Македонија во таков случај ќе има предвремени парламентарни избори. Веќе споменавте, но како ова сценарио вистинска ќе се рефлектира на европската интеграција?

Ковачев: Секако, некои нови избори во Македонија значително ќе ја забават европската интеграција на земјата. Градење на етничка идентификација врз основа на фалсификување на историјата не може да доведе до успех и секогаш ќе има поделба.

Фактор: А што ако пропадне договорот од Преспа? Кои предизвици се пред Македонија?

Многу е веројатно дека некои нови избори ќе ја стават Македонија во ќорсокак. Неподготвеноста да се решат проблемите со соседите и да се остане заложник на митовите од минатото и фалсификувањето на минатото не и донесе ништо добро на Македонија.

Ѓ.Т.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината