Европска земја ги заостри критериумите за добивање државјанство
Објавено во: Свет 28 Октомври, 2025 20:19
Португалија ќе ги заостри условите за добивање на државјанство.
Десничарската влада на Португалија, која нема апсолутно мнозинство во Парламентот, денеска постигна договор со ултрадесничарската партија за усвојување измени на Законот за натурализација на странците.
За измените на Законот ќе се гласа во текот на денот.
„Португалија сега се приклучува на групата европски земји, каде што стекнувањето државјанство ќе биде потешко“, кажа претседател на популистичката партија Доста е!, Андре Вентура, додавајќи оти договорот е постигнат по месеци преговори, благодарение на „отстапките од двете страни“.
Во Португалија до крајот на 2024 година живееја над 1,5 милиони имигранти, што претставува околу 15 проценти од вкупното население. Тоа е речиси четирипати повеќе во споредба со 2017 година.foto Wikipedia/Pedro S Bello
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




