Европска земја најде начин како да ја поевтини храната
Објавено во: Економија 26 Мај, 2023 17:35
Португалија ја прекина наплатата на ДДВ за храна, по што цените се намалија.
Привремениот прекин на наплатата на данокот на додадена вредност на основните прехранбени производи доведе до пониски цени. Воедно, трговците мерката не ја искористиле за зголемување на профитните маржи. Дека има поевтинување потврди португалскиот премиер Антонио Коста. Во април владата на шест месеци ја прекина наплатата на ДДВ на 46 основни прехранбени производи за да им помогне на граѓаните. На листата се млекото, лебот, оризот, пиперките и група месни и рибји производи. Пред одлуката на владата стапката на ДДВ била шест отсто.
„Во земјата во која платите и пензиите се ниски, високата инфлација неизбежно тешко ги погоди примањата на луѓето, но мерката на спуштање на ДДВ на нула резултираше со пад на цените (на основните производи)“, кажа Коста во парламентот.
Инфлацијата во Португалија во април успорила на 5,7 отсто, од 7,4 отсто во март. Инфлацијата годинава би требало да се спушти на 5,1 отсто, од 7,8 отсто во 2022. Европската комисија прогнозира дека ќе изнесува 5,6 отсто. Турција лани и годинава има висока инфлација. Далеку подобри од неа, но со висока инфлација беа и балтичките држави.
foto EPA
Можеби ќе ве интересира
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета




