Eвропска земја од денеска го третира коронавирусот како грип
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Март, 2022
Шпанија од денеска го третира коронавирусот како грип. Веќе не се задолжителни ниту тестови, ниту домашна изолација.
Оние кои ќе се заразат и ќе развијат само благи симптоми или воопшто немаат симптоми, можат да продолжат да водат нормален живот.
Досегашните мерки ќе продолжат да важат само за оние кои се изложени на ризик. Меѓу нив се луѓето на возраст над 60 години и оние со имунолошки дефицит, како и бремени жени и здравствени работници.
Oстанува само задолжителното носење маски на јавни места, како и во автобуси, возови и авиони.
Во Галиција, приложувањето доказ дека некој е вакциниран, тестиран или излечен сè уште важи кога се влегува во болници и домови за стари и изнемоштени лица. Ограничувања има и за бројот на гости на една маса во рестораните. Но, и овие ограничувања треба да бидат укинати на 9 април.
Во Шпанија досега од коронавирусот починаа над 102.000 луѓе. На глобално ниво повеќе од 6.1 милиони луѓе починаа од вирусот.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.