Европска земја стравува дека вториот бран нема да биде последен
Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Ноември, 2020
Францускиот научен совет се плаши дека вториот бран на пандемијата на коронавирус нема да биде последен.
Стравуваме од „неколку последователни бранови за време и на крајот на зимата и следната пролет, се наведува во анализата на Францускиот научен совет за справување со епидемијата со коронавирусот, јави дописникот на МИА.
„Пред нас има многу месеци со исклучително тешка ситуација“, предвидува во последното мислење научниот совет.
Ова е телото одговорно за советување на француската Влада.
Францускиот претседател Емануел Макрон воведе ограничување до 1 декември и посочи дека целта е да се постигнат „околу 5.000″ случаи на ден, наспроти од 40.000 до 50.000 во последниве десетина денови.Франција е во карантин, а исто и Германија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.