18 Декември, 2025
0.0490

Eвропска земја воспоставува резерви на храна за војна: Секое домаќинство добива план за преживување

Објавено во: Свет 17 Октомври, 2025 18:54

Добивај вести на Viber

Шведската влада почна со формирање на првите стратешки залихи на жито во северните делови на земјата, во региони кои, во случај на вооружен конфликт, би можеле да бидат отсечени од остатокот од земјата. Во буџетот за 2026 година, планирани се 575 милиони круни (околу 60 милиони долари) за формирање резерви за итни случаи, објави владата во Стокхолм.

Според Шведскиот одбор за земјоделство, залихите редовно ќе се надополнуваат за да се спречи расипување, а ќе се објавуваат тендери во окрузите Норботен, Вестерботен, Вестернорланд и Јемтланд - области кои моментално зависат од пратки жито од јужна Шведска.

Министерот за цивилна заштита Карл-Оскар Болин истакна дека северот на земјата е „клучен за одбранбената стратегија на Шведска“ и дека токму таму започнува воспоставувањето резерви за населението да има пристап до храна дури и за време на војната.

Планот е дел од поширока национална стратегија за мобилизирање на целото општество - од институциите и армијата до граѓаните и компаниите - со цел подготовка на земјата за можни кризни и воени ситуации. Според проценките на Одборот за земјоделство, залихите би можеле да обезбедат храна за 90 до 95 проценти од населението за три месеци, со просечна потрошувачка од 3.000 калории дневно по лице.

Овој потег доаѓа во време на растечки тензии во регионот на Балтичкото Море. По руската анексија на Крим во 2014 година и инвазијата на Украина во 2022 година, Шведска го обнови концептот на „тотална одбрана“ и стана членка на НАТО минатата година. Премиерот Улф Кристерсон предупреди дека земјата „не е во војна, но не е ни во мир“, посочувајќи на хибридните напади и заканите за подморничката инфраструктура.

foto frepik.com

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“