Добивај вести на Viber
Европската унија може да издржи 9 месеци без испораките на гас од Русија, соопшти рускиот портал "Вијести", повикувајќи се на претставници на Европскиот парламент.
Според пресметките на европратеникот Јачек Сарљуз-Волски гасот од Руската Федерација делумно ќе се компензира со испораки од Алжир и Норвешка. Тој потсетува дека струјата на 30% од потрошувачката на енергија во рамките на Унијата е обезбедувана од Русија.
Цело време ЕУ ќе троши гас од складишта и ќе купува гас од алтернативни снабдувачи од Алжир, Норвешка и течен природен гас од САД.
"Пред една година беше спроведена слична анкета за поединечен случај, ако ЕУ сака да го користи гасот како санкција", вели Волски.
Во периодот јануари-март 2014 година "Гаспром" ги зголеми испораките на гас за Европа од 1,3 милијарди метри кубни до 46,7 милијарди, што е три пати повеќе отколку во земјите од поранешниот СССР (16 -18 милијарди метри кубни), и три пати помалку од обемот на испораките за руската економија (околу 150 милијарди).
Дали ЕУ може да добива гас од Русија, но и од други извори? Да, може. Задачата сепак не е многу лесна ако се земе во предвид недостатокот на инфраструктура. Терминал, наменет за овој вид набавки ќе биде пуштен дури во втората половина на 2015 година.
Во меѓувреме викендов испораката на природен гас од Русија, Белорусија и Украина се стабилизира и се вратија на нивото од пред минатата недела.
Поради оваа причина и од Комисијата сугерираат дека причината за намалување на испораките е техничка.
Од ЕК биле во контакт со полските власти, кои се изјасниле за нормализирање на нивото на снабдувањето. Од таа причина уште во петокот биле обновени испораките кон Украина.
Потсетуваме дека минатата недела Полска престана да испорачува гас за Украина и најави намалени количини природен гас, испорачан од Русија. "Газпром" негираше да има промена во снабдувањето за Европа.
К.К.