Европската управа за безбедност на храната не го менува одобрението за пченката „Монсанто“
Објавено во: Агробизнис
07 Октомври, 2012
Добивај вести на Viber
Европската управа за безбедност на храна (ЕСФА) не го прифаќа извештајот за штетноста на американската пченка од фирмата „Монсанто“. Од ЕСФА тврдат дека извештајот на францускиот научник Жил Ерик Саралини за штетноста за здравјето на генетски модифицираната пченка на американската фирма „Монсанто“, е неадекватен.
Научникот Сералини и неговиот тим од Универзитетот во Каен неодамна излегоа со тврдења дека генетски модифицираната пченка НК603 и средството против коров, кое се користи за неа, а кое исто така го произведува „Монсанто“, предизвикува зачестената појава на тумор кај лабораториските глувци.
Но спред ЕСФА тврдењата на Сералини, не се причина за повторно да го разгледа своето одобрување за овој вид на генетски модифицирана пченка. Управата од Сералини побара дополнителни информации за основата на неговите тврдења. Научникот одбива да даде дополнителни информации, но бара од ЕСФА претходно да објави на што ја заснова својата проценка. Тој криењето од јавноста на таквите информации ги нарекува апсолутно скандалозни. А во прилог на своите тврдења Сералини нагласува дека во неговото истражување е следен целокупниот двогодишен животен циклус на глувците, додека ЕСФА се потпира само на следење на дејството на ГМ храната на тие животни во рок од 90 денови. Од Европската управа тврдат дека Сералини во неговите истражува наводно користел вид на глувци, кои по природа се поподложни на тумори, без разлика на влијанијата на надворешните фактори.
Европската управа за безбедност на храната во мај годинава, процени дека привремената француска забрана на еден друг вид на ГМ пченка на „Монсанто“, наречена МОН 810, не се темели на научни докази. На ваквите соопштенија бурно реагираа Движењата за заштита на животната средина, кои се противат на одгледување на ГМ храна, кои велат дека ЕСФА не прави доволно за да ја провери нештетноста на ГМ производите, а во исто време го осудува трудот на другите, при тоа ставајќи го интересот на биотехнолошката индустрија пред јавната безбедност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.