16 Декември, 2025
0.0478

Европски фокус на АКТОР: Дали криминалите во Грција имаат допир со Македонија?

Објавено во: Балкан 23 Април, 2015 07:42

Добивај вести на Viber

Случувањата во Грција поврзани со обвинувањата за грчкиот бизнисмен и директор на компанијата “Актор” Леонидас Боболас, за затајување данок и перење пари, нема да влијаат врз реализацијата на делницата Демир Капија- Смоквица, што ја гради оваа компанија во земјава, уверуваат македонските институции. Од Министерството за транспорт и врски велат дека градежните работи на автопатот демир Капија- Смоквица се одвиваат според зацртаните планови. -Ве информираме дека градежните активности на автопатската делница Демир Капија-Смоквица течат нормално и се одвиваат согласно утврдената динамика. До сега реалзирани се 58 % од вкупните градежни работи, велат за Фактор од Министерството за транспорт и врски. Во Грција како што пренесуваат тамошните медиуми, бизнисменот Боболас се товари за затајување на данок и перење пари. Тој вчера првично беше приведен да даде исказ во грчкото Јавно обвинителство. Боболас се согласил да ги подмири долговите кон Грчката даночна управа.Тој платил 1.800.000 евра што е за 200 илјади евра помалку од она што го должел на држават, Подоцна  бил пуштен на слобода., во износ од речиси два милиони евра Но како што пишуваат грчките медиуми случајот останува отворен и ќе продолжи се до носење на конечна одлука. Медиумите во Грција пренесуваат дека предметот е покренат по доставата на т.н Лагард листа, што првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, ја има испорачано  до властите во Атина, а на која се имиња на околу 2.000 грчки богаташи што имаат сметки во швајцарските банки и кои се осомничени за затајување на данок. Во соопштението за грчките медиуми, Боболас изјавил дека контактирал со властите за правда и побарал да го решат случај за даноците на негова "сопствена иницијатива". Приведувањето и обвинувањето на Боболас за затајување на данок и перење пари, грчките медиуми го поврзуваат со неодамнешната изјава на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој февруари им прогласи војна на локалните елити и олигарси, богатите бизнисмени кои доминираат во економскиот и политичкиот живот во Грција. -Донесовме одлука да се судриме со режимот на политичката и економската моќ што ја втурна нашата земја  во криза,изјави премиерот Алексис Ципрас во парламентот во февруари. Германскиот таблоид “Bild” го опиша случајот Леонидас Боболас како "успех на Ципрас против супербогатите грчки даночни затајувачи." Кој е Боболас? Леонидас Боболас е член на еден од највлијателните деловни семејства во Грција и извршен директор на најголемата градежна компанија во Грција групацијата “ELLAKTOR”. Тој е, исто така, извршен директор на компаниите “Attiki Odos”, “Attica Toll-Fees”,” Aktor Parachorisis”, “MOREAS SA”, “Aegaio Highways”, “HERHOF GmbH”, а исто така тој е и претседател на Управниот одбор или други одбор во уште три инфраструктурни компании. Сопственик на компанијата “ELLAKTOR”. е неговиот татко Јоргос Боболас. “ELLAKTOR” е најголема градежна групација во Грција, и со своите градежни работи се протега е застапена и надвор од Грција. Во портфолиот на компанијата се и бизнисите со недвижен имот, енергија, железница, патишта, цевки за гориво, рудници за злато,инфраструктурни проекти, медиуми како Мега канал, Етнос и други. Во врска со обвинувањата за бизнисменот, Фактор побара став од  компанијата “Актор”,  но не добивме одговор. ОЕЦД: Грција покрена истрага проитв Актор за бизнис зделката во Македонија Кон крајот на минатиот месец во најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), а посветен на борбата против корупција, се посочува дека Грција  покренала истрага против компанијата “Актор”,поради сомнеж за поткуп во проектот Демир Капија –Смоквица во кој грчќката компанија е главен изведувач. Во извештајот на ОЕЦД се посочува дека Грција го детектирла случајот од статиите во медиумите испратени од страна на Работната група на ОЕЦД во мај лани. -Грчка градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од ПЈРМ за да го добијат договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат во таа земја. Градежните работи на Демир-Капија Смоквица почнаа во септември 2012 година, а грчката компанија го доби договорот иако имаше значително повисока понуда од околу 40 милиони евра во однос на конкурентите. Вклучени се филијала на грчката компанија во поранешната југословенска Република Македонија и поединци од Грција. Во Грција прелиминарната истрага за перење пари и мито  е во тек. Грција побарала правна помош од ПЈРМ во јуни 2014 годинадодека чека одговор на барањето, побарала за помош да посредува европскиот  Еуроправда, се наведува во извештајот на ОЕЦД објавен на 20-ти март. Во извештајот ОЕЦД нотираше дека Грција лани летото побарала помош и од македонските надлежни иснтитуции. Од македонска страна, од министерството за правда потврдија дека добиле барање за помош на Јавното обвинитеслтво во Атина и дека на 20-ти овој месец истото го препратиле до македонското Јавно обвинителство. Јавното обвинителство потрвди дека до нив стигнало барањето но не сакаа да откриваат детали со образложение дека се работи за комплексен случај. Од министерството за транспорт тврдат дека градежната компанија Актор, тендерот го добила во транспарентна постапка спроведена согласно правилата на Европската Унија. Компанијата Актор е главен изведувач на делницата Демир Капија- Смоквица. Проектот е тежок 270 милиони евра, пари од кои дел се обезбедени од Европската инвестициска банка, а дел од Европската банка за реконструкција и развој. Во врска со последните случувања поврзани со компанијата Актор, побаравме став од странските финансиери, но кус одговор добивме само од Европската инвестициска банка. -За истиот проект имаше прашања и минатата година, кои поврзани со  употребата на банкарска сметка, која беше привремено блокиран од страна на властите на ПЈРМ.Како и секогаш, ние не можеме да коментираме за истрагите во тек, но при тоа треба да се потсетиме на политиката на нулта толеранција на Банката, како и фактот дека Банката соработува со Европската канцеларија за борба против измама, (во поглед на грантовите од  Европската унија), посочуваат од Европската инвестициска банка. Лани опозициската СДСМ обвини дека компанијата е дел од аферата Поткуп и незаконско извлекување на кеш пари од Македонија. Според тврдењата на СДСМ и документите до кои дошла партијата грчки државјани подигнувале стотици илјади евра во готово од сметката на подружницата на Актор во земјава, при што на овој начин според СДСМ биле извлечени 3,5 милиони евра во кеш, од парите наменети за изградба на делницата. Јавното обвинителство лани отвори постапка за случајот откако Управта за финансиско разузнавање,соопшти дека  за случајот била отворена постапка уште во ноемри 2013-та година, но не откривале детали во интерес на истрагата. Обвинителството прво ги блокираше сметките на подружницата на Актор во земјава, па потоа ги деблокираше и компанијата продолжи да работи. И по речиси една година откако Јавното обвинителство покрена предкрив ична истрага за случајот “Актор”,  до денеска во јавноста не се соопштија информации за текот на истрагата. Т.С

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени