Добивај вести на Viber
Идниот седумгодишен буџет на Европската унија и неговата висина сеуште остануваат непознати и покрај тоа што вонредниот економски самит на Советот веќе утре ќе се одржи во Брисел.
Европската комисија предлага финансиската рамка за периодот од 2014 до 2020 година да биде 1.033 милијарди евра за Европската унија, на што кипарското претседателство со Унијата даде предлог за 50 милијарди евра помалку, а претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, бара буџетот на ЕУ за идните седум години да изнесува 973 милијарди евра.
Иако е за 20 милијарди повисок од финансиска рамка за 2007-2013 година, сепак оваа понуда од страна Ромпуј е за 75 милијарди евра пониска од тоа што го бара Европската комисија.
Поради ваквите неусогласености, сето ова се најавува дека ќе биде на маса пред утрешниот вонреден економски самит на Советот со усвојување на буџетската рамка за 2014-2020 да биде единствена точка на дневен ред.
Според високи преставници на Унијата, мала е надежта дека ќе биде постигнат договор. Како за пример ги наведуваат големите разлики меѓу секоја држава поединечно и што е најважно меѓу големите економии. Така , Велика Британија бара седумгодишнио буџет да биде за 200 милијарди евра понизок од она што го бара Комисијата, додека Германија сака 130 милијарди евра помалку пари во европската каса за периодот од 2014 до 2020 година.
Токму поради ова, утрешниот Самит ќе започне со издвоени билатерални средби на Ван Ромпуј со лидерите на секоја од 27-те земји-членки на ЕУ како и со премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ, оти оваа земја од идната година ќе биде членка на Унијата, додека официјалниот почеток на состанокот, е закажан за утре вечер и можно е да трае до петок рано изутрина, па со прекини да продолжи задутре до доцна во ноќта.
Поради страв од тоа дека нема да се постигне заедничко решение, од ЕУ не ја отфрлаат идејата дека е можно по билатералните средби на Ван Ромпуј со лидерите на земјите-членки, потоа тој да излезе со нов предлог кој би бил усогласен со сите, со што би се задоволиле сите желби.
Инаку, во случај Советот да не се договори Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ) за периодот од 2014 до 2020тогаш, според правилата, Унијата би продолжила да функционира според актуелната буџетска рамка, а која во моментов е 953 милијарди евра за периодот од 2007 до 2013 година или по околу 136 милијарди евра годишно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.