Добивај вести на Viber
Европските банки им пуштија помалку кредити на компаниите, што е уште еден знак дека економскиот подем на континентот не е толку стабилн, покажуваат новите податоци, цитирани од американските медиуми.
Европската централна банка (ЕЦБ) вчера соопшти дека заемите за компаниите се намалиле за 3,1 проценти во ноември во однос на истиот месец од претходната година. Во октомври падот беше 3 проценти.
Според аналитичарите банките не доживуваат огромна желба да одобруваат кредити , бидејќи изгледите за раст остануваат неизвесни , што значи дека се зголемува ризикот средствата да не им бидат вратени. Некои компании пак не сакаат да преземат ризик да позајмуваат пари . Други не бараат кредити , бидејќи имаат доволни резерви во кеш , но не гледаат сеуште причина да инвестираат тие пари во нов производ.
Економијата на европската монетарна унија , чиј член од почетокот на годината веќе е и Латвија , со што земјите членки станаа 18 , се зголеми за само 0,1 отсто во третиот квартал од минатата година , а невработеноста е 12,1 проценти .
Проблемот, сепак, е дека ниските камати на ЕЦБ не се неутрални при кредитирањето од банките. Па ЕЦБ бара други мерки како целните заеми.
Многумина аналитичари прогнозираат дека стапките нема да бидат променети.