26 Декември, 2024
0.0271

Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт

Објавено во: Свет 15 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Европската партија на Зелените објави соопштение за бегството на Никола Груевски во Унгарија и обвинува дека Орбан сака да испровоцира конфликт, пренесе МИА.

– Премиерот Орбан е гение кога станува збор за наоѓање нови начини да се травестира владеењето на правото, неговиот последен „успех“ е да прими политички криминалец од соседна Македонија како бегалец, спротивно со антибегалските закони кои самиот ги воведе, пишува во соопштението потпишано од потпретседателот Рајнхард Бутикофер и Моника Фрасони.

Тие го осудија и портпаролот на Орбан за изјава во која го нарекол Зоран Заев „кукла на Сорос“.

Зелените силно го критикуваат „цинизмот и провокативниот однос кои можат да бидат толкувани само како обид да се создадат тензии на Балканот и да се распалат конфликти со кои ЕУ и македонската Влада макотрпно се обидуваат да се справат на инклузивен, праведен и културен начин“.

– Никој нема бенефит од извонредното однесување на господинот Орбан, освен рускиот претседател Путин кој е ужаснат од секој чекор кој го прави македонската нација кон вклучување во евроатлантската заедница. Русија се обиде директно да се вмеша во Македонија и Грција но безуспешно до сега. Срамно е членка на политичката фамилија на ЕПП да игра во антиевропска екипа, додаваат тие.

Унгарскиот европратеник од Зелените, Бенедек Јавор, кој вчера во интервју за МИА ги образложи можните сценарија на владата на Орбан во случајот со Груевски, во соопштението итно ги повикува унгарските власти да ја разјаснат својата позиција, да соработуваат со македонските власти и најбрзо што можат да го вратат Груевски назад.

-Унгарија не смее да помага никому кој сака да избегне правни последици за своите злодела и треба да испрати порака до Македонија како земја кандидат дека нема исклучоци и двојни стандарди во земја членка на ЕУ, тоа е минимумот за задржување на кредибилитетот на ЕУ кога очекува почитување на стандардите на владеењето на правото во Македонија, напиша Јавор.

Тој повика Унгарија да не им служи на руските интереси во регионот.


Можеби ќе ве интересира

„МОРЕТО МИ ЈА ОДНЕСЕ ЌЕРКАТА“ – ЦУНАМИТО ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН ОДЗЕДЕ 230.000 ЖИВОТИ: Преживеаните и семејствата ги посетија масовните гробници

„МОРЕТО МИ ЈА ОДНЕСЕ ЌЕРКАТА“ – ЦУНАМИТО ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН ОДЗЕДЕ 230.000 ЖИВОТИ: Преживеаните и семејствата ги посетија масовните гробници

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ, ТРАМП, УКРАИНА....Еве што ја одбележа 2024

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ, ТРАМП, УКРАИНА....Еве што ја одбележа 2024

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

СЕ ОГЛАСИ АВИОКОМПАНИЈАТА ЧИЈ АВИОН ВЧЕРА ПАДНА: Откриени детали за пилотот и авионот

СЕ ОГЛАСИ АВИОКОМПАНИЈАТА ЧИЈ АВИОН ВЧЕРА ПАДНА: Откриени детали за пилотот и авионот

На каде оди Германија? На анкетите за премиер води жена што сака да ги вклучи нуклеарките, да го развласти Брисел и да ги реши мигрантите!

На каде оди Германија? На анкетите за премиер води жена што сака да ги вклучи нуклеарките, да го развласти Брисел и да ги реши мигрантите!

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ СЕ МОЛАТ: Се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ СЕ МОЛАТ: Се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион

(ВИДЕО) ИМА ПОВРЕДЕНИ И ЖРТВА: Остатоци од соборен дрон предизвикаа експлозија во трговски центар во Русија

(ВИДЕО) ИМА ПОВРЕДЕНИ И ЖРТВА: Остатоци од соборен дрон предизвикаа експлозија во трговски центар во Русија

ЗАГИНАА 38 ЛУЃЕ: Зошто се урна азербејџанскиот авион?

ЗАГИНАА 38 ЛУЃЕ: Зошто се урна азербејџанскиот авион?