Европските железници ќе враќаат повеќе пари ако возовите доцнат
Објавено во: Економија 29 Октомври, 2018
Одборот за директиви за превоз и туризам на Европскиот парламент издаде предлог според кој на патниците кој чекаат воз што доцни или е одложен од 60 до 90 минути ќе треба да им се надомести 50 отсто од платениот билет.
За доцнење од 90-120 минути ќе се врати 75 отсто од вредноста набилетите, а за повеќе од два часа чекање парите платени за „пропусницата“ ќе се вратат целосно. Таквиот предлог се уште треба да подлежи на процедурата во Европскиот парламент, а потоа земјите-членки да го усогласат.
Европската унија веќе има донесено вакви правила за патниците кои долго чекаат, но надоместоците сега се помали. За доцнење од еден до два часа се враќаат само една четвртина од парите за билетот а за доцнење подолго од два часа се надоместува половина од износот.