16 Мај, 2024
0.0260

Евростат: Буџетскиот дефицит во ЕУ и еврозоната благо се намали во вториот квартал

Објавено во: Финансии 22 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Буџетскиот дефицит во ЕУ и во еврозоната изразен со удел во во БДП е благо намален во вториот квартал благодарение на повисоките приходи, намалената потрошувачка и закрепнувањето на економиите по кризата со коронавирусот, покажа последниот извештај на Евростат.

На ниво на ЕУ, сезонски прилагодениот буџетски дефицит изразен со удел во БДП изнесуваше 1,8 отсто во периодот од април до јуни, што е намалено од 2,3 отсто во првите три месеци од оваа година.

Во еврозоната падна од 2,5 на 2,1 отсто.

Во пролетта минатата година таа беше 5,7 отсто во ЕУ и 6,4 отсто во еврозоната.

Во периодот од април до јуни, буџетските приходи бележат посилен раст од буџетската потрошувачка, а економската активност е забрзана во однос на почетокот на годината.

Споредбата со вториот квартал од минатата година покажува уште поизразено подобрување, кога буџетскиот дефицит изразен со удел во БДП на ниво на ЕУ изнесуваше 5,7 отсто, а во еврозоната 6,4 отсто.

Мерките за ублажување на последиците од пандемијата повторно влијаеле и на приходите и на потрошувачката во периодот од април до јуни, но помалку отколку во претходните квартали, забележуваат статистичарите.

На ниво на ЕУ, сезонски прилагодените буџетски приходи изразени како дел од БДП изнесуваат 46,5 отсто. На почетокот на годината нивното учество во БДП изнесуваше 46,4 отсто.

Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка