Добивај вести на Viber
Десетте проценти најбогати Американци, лани, заработиле вкупно 48,2 проценти од приходите на сите жители на САД, покажуваат податоците на Службата за внатрешни доходи.
Во 2012 година кај најбогатите Американци се слеале 19 проценти од сите доходи, што е највисок удел од 1928 година.
Јазот меѓу едниот процент богати жители на САД и останатите 99 проценти Американци продолжува да се зголемува и достигна невидени размери за последните 85 години, децидни се аналитичарите.
Според аналитичарите, меѓу причините за зголемување на јазот е и тоа што во некои гранки САД се натпреваруваат со нископлатената работна рака од Кина и други земји во развој. Редица погони беа пренесени во Индија и Филипините, а модерната технологија се повеќе ги заменува работниците во извршувањето на нивните рутински задачи.