ЕВЗОНИ И ДЕНЕС БЛОКИРАН: Ако патувате читајте детали за сообраќајот на патиштата
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2017
Грчките земјоделци веќе петти ден го блокираат сообраќајот и не дозволуваат да функционира сообраќајот на двата правци на граничниот премин Евзони.
Како што соопштивме, тие најавија зголемување на притисокот на властите од кои бараат намалување на даноците.
Состојбата на останатите патни правци во земјава се одвива со ограничени и блокирани патишта, зимски услови и влажни коловози.
Амсм соопштува дека патниот правец Скопје - Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4x4.
Неколку дена патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен е во прекин поради свлечиште при што сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
Доколку патувате не заборавајте дека на сила се уште е задолжителната зимска опрема.