ФАКОМ ОСНОВА НОВО СВОЕ ДРУШТВО - еве како ќе се вика и што ќе работи новата фирма
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2024
Македонската компанија за проектирање и монтажа на челични конструкции ФАКОМ, ќе основа свое ново друштво, кое ќед се вика ФАКОМ Монтажа.
Друштвото го основаат со минимален влог од 5.000 евра, а од компанијата велат дека основна цел поради која се одлучиле на овој чекор е остварување на добивка.
Ова компанија и го соопшти на инвеститорската јавност преку ценовно чувствителна информација која ја објави на берзата.
„Факом АД Скопје врз основа на Одлуката на Управниот одбор од 27 декември минатата година, основа ново Друштво за производство и услуги ФАКОМ МОНТАЖА ДООЕЛ Скопје со внесување на непаричен влог во висина на 5.000 евра, со одложена уплата, согласно член 175 од Законот за трговски друштва. Направен е упис на на друштвото во Централен регистар на Р.С Македонија на 09 јануари годинава. Основачот го основа друштвото и го вложува својот основачки влог заради остварување на добивка“, се вели во објавата на компанијата дадена до Македонската берза.
Инаку, како што е познато, основната дејност на ФАКОМ АД - Скопје е проектирање, производство и монтажа на челична конструкција и делови на конструкции, сите видови на заварени носачи и изградба и како монтажа на опрема за капитални индустриски и термоенергетски објекти.
Од податоците за компанијата објавени на Берзата може да се види дека ФАКОМ во 2022 година имал зголемување на приходите во однос на 2021 година, но неговата добивка се намалила и таа во 2022 година изнесувала само околу 4 илјади евра.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.