05 Декември, 2025
0.0490

ФАКТОР АНАЛИЗА: Без леб не се може! Колку работат за да заработат најголемите пекари во Скопје?

Објавено во: Анализа 20 Јуни, 2025 07:45

Добивај вести на Viber

Профитната маргина кај четири од петте најголеми лебни компании е помала од 3% од приходите. Најголемиот производител на леб во Македонија лани од дејноста инкасирал 20 милиони евра. Само една од најголемите пекарски компании има профит поголем од 1 милион евра.

Некои велат дека лебот нема цена, други не го јадат затоа што гои, трети го презираат па го менуваат со субститути, за некои е прескап, а луѓето во Газа молат за парче.
Секој од своја перспектива, мери и цени, но факт е дека лебот е еден од основните извори на храна и неговото место во човековата исхрана е незаменливо. Благодарение на лебот низ вековите и опстоило човештвото.

Лебот не е продукт со висока цена. Барем не во споредба со горивото, лековите и облеката. Лебот е нужен продукт за исхрана и неговата цена е важна за социјално загрозените слоеви во секое општество.

Како и да е, производството на леб бара многу откажувања. Пред се од социјалниот живот, излегувања, седенки, друштва и кафеани. Затоа што пекарите и лебарите стануваат и работат кога сите други спијат. И обратно тие спијат кога животот е во полн ек, кога денот носи бројни настани и собитија.

И токму заради овие факти, секогаш треба да се почитуваат луѓето кои се грижат за тоа на нашата трпеза да имаме тазе леб. Без разлика кој колку го јаде и каков го сака. 

Најголемите пет компании од областа на производството на леб во земјава се во Скопје. Поточно една од нив е од Охрид, но со деловни операции во Скопје.
Само една од овие пет компании лани имала профит поголем од 1 милион евра. Сите други се во профитна маргина помала од 3%.

Најголема компанија за производство на леб, брашно и пецива како и долги години досега е скопскиот гигант „Жито Лукс“. Најпрофитабилна компанија во групата најголеми е „Жито Клас“ кој е единствен со добивка поголема од 1 милион евра. Таа воедно е и компанија со најмалку вработени (односно 87 лица) меѓу големите пекарници.

Втор најголем производител на леб, брашно и пецива е „Жито Леб“ од Охрид, пред „Специјал“ Скопје и пекарата „Диме“.

Подолу е листата на најголемите лебни компании во Македонија

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?