15 Декември, 2025
0.0958

ФАКТОР АНАЛИЗА: ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТИЛЕ ФИРМИТЕ ШТО ПРОИЗВЕДУВААТ ЛЕБ

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2024 07:17

Добивај вести на Viber

Mелничко пекарската агроиндустрија веќе објави дека за нешто над 10 отсто е поскапен лебот поради тоа што има зголемување на цената на суровините на берзите, односно поскапеле пченицата, а со тоа и брашното. 

На ваквата одлука влијаело, како што рекоа од таму, порастот на минимална плата и останатите трошоци за работниците. Транспортот и електричната енергија се исто така многу важен сегмент во формирањето на цената на пекарските производи.

Поскапе белиот и полубелиот леб. Дел од компаниите ставија нови, повисоки цени за 10 до 15 отсто. Па така, лебот што се продаваше за 29 денари, сега чини 33. Некои од пекарите веќе ги поскапеа и белите печива како ѓеврекот, переците и кифлите.

Во овој период има препукување помеѓу првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, и сопствениците на мелничките капацитети за цената на електричната енергија како аргумент во прилог на поскапувањето. Бислимовски е убеден дека тоа е, како што рече, „најбезобразна шпекулација“, затоа што овие друштва струјата ја купуваат од слободниот пазар и таа како инпут во моментов е значително поевтина во однос на претходните години.

„Фактор“ ги обезбеди приходите и добивките за 2023 на најпознатите компании за производство на леб и други печива. Приходите се доста високи, но од добивките може да се заклучи дека профитните маржи се минимални. Треба да се каже дека некои од овие компании, покрај производство и продажба, се занимаваат и со други дејности како транспорт и кетеринг. А.К.


Извор: Централен регистар

Можеби ќе ве интересира

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета