Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?
Објавено во: Економија, Анализа 16 Мај, 2025 08:20
Општина со помалку од 12.000 жители во источна Македонија има фирма за транспорт и трговија со деривати која оствари приход од 141 милиони евра. Во истата општина се стационирани и европскиот гигант за производство на ќерамиди, мега кондиторска индустрија, голема македонска фирма за производство на мебел и високо технолошка гринфилд инвестиција за производство на декоративни садници. Овие шест фирми заедно лани во малата Виница внеле 227 милиони евра
Општина со помалку од 12.000 жители на својата територија има 5 компании кои лани направиле приход вреден 220 милиони евра. Не, овде не станува збор за некое мало место во Швајцарија. Станува збор за македонско градче на истокот располано под падините на Плачковица, познато по родните полиња, историската „виничката афера“ и античките теракоти.
Виница е мала по население, но општина во која работат економски џинови! При тоа вреди да се истакне дека четири од тие пет компании се поседувани од локални бизнисмени од виничкиот крај. И петтата во најголемите винички фирми е домашна, постои повеќе од 70 години, но од пред дваесетина години е во составот на реномиран австриски производител на материјали за кровови.
Ако се види табелата подолу и приходите во 2024 година на малата Виница можат да и позавидат и многу поголеми градови.Општина Виница, по пописот од 2021 година има нешто над 14.000 жители, но реално, таму не живеат повеќе од 12.000 постојано жители. Значаен дел од нив се работно ангажирани во „Макпрогрес“, поранешен „Тондах“ и сегашен „Виенербергер“, „Мебел Ви“ и сега најактуелниот Дади Оил и неговата фирма – мајка „Дади Компани“.
Кочани е поголемиот град во таа котлина. А Виница секогаш земала пример и се угледувала на поголемиот брат. Но во економска смисла работите се променети затоа што виничката економија реално е посилна.
Во Кочани убедливо најголема компанија е странската гринфилд инвестиција „Амфенол“ која работна ангажира над 3.000 вработени претежно од Кочани, но ги има и од соседните општини. Покрај гигантот кој работи за глобални автомобилски концерни, во Кочани лани, од домашно поседуваните компании, најголеми биле реномината печатница „Европа 92“, поранешниот гигант од наменската индустрија „Руен Инокс“ кој под водство на домашни сопственици направи успешна транзиција и „Алекс 3“ градежна компанија специјализирана за градба на згради за колективно домување.
НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО КОЧАНИ И ВИНИЦА СПОРЕД ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ во 2024 година:
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





