„Фактор анализа“: Кои се најголемите десет извозници кои во земјава донесоа 667 милиони евра!
Објавено во: Економија 10 Ноември, 2022
Големите македонски компании (без разлика дали се поседувани од домашни или странски акционери) се секогаш на економскиот браник на татковината со своите дела. Најголемиот товар за нашата економска реалност и перспектива во голема мерка е на плеќите на нашите извозно ориентирани компании. Охрабрувачки се вестите дека за периодот јули-септември извозот на најголемите комапнии (чии податоци се јавни и објавени на Македонската берза за хартии од вредност) пораснал за 240 милиони евра!!! Колку и да е тешка состојбата и неизвесна претстојната зима, нашите извозни компании се нашето светло за излез од тунелот наречен економска неизвесност!
Најголемите извозно ориентирани компании чии акции се котирани на нашата берза ги објавија финансиските резултати за до крајот на септември годинава. Резултатите се повеќе од охрабрувачки за нашата економија во овие исклучително тешки и неизвесни услови кога вртоглавиот раст на цени на енергенсите создава „ново нормално“.
Анализата на „Фактор“ покажува дека најголемите десет извозници чии акции котираат на берза и за кои имаме официјални податоци за девет месеци направиле девизен прилив од 667 милиони евра. Тоа значи дека нивниот извоз во последните три месеци (во споредба со извозот на најголемите 10 компании извознички чии акции коритаат на берзата) пораснал за 56 отсто што е голем резултат на нашата економија.
ОКТА е убедливо најголем извозник на овие девет месеци со реализација од 200 милиони евра. Втора на листата е македонската фармацевтска гордост „Алкалоид“ со 122,6 милиони евра (консолидиран извештај н.з.), кој е за нијанса пред челичниот гигант „Макстил“ со 121,4 милиони евра.
Р.Ф.foto freepik.com/roman-