15 Декември, 2025
0.0308

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2025 09:34

Добивај вести на Viber

Кавадаречката фирма ГМЛ која е најголем поединечен акционер во РЖ Економика објави дека е подготвена да ги купи сите слободни акции во таа железарска компанијаИ тоа да го направи по највисока годишна пазарна цена која изнесува 50 денари за акција. ГМЛ ќе депонира над 260.000 евра за сите акции во РЖ Економика. Со ова се создава можност над 3.100 домашни акционери мали физички лица, кои заедно поседуваат 29 отсто од сите акции да ги продадат по цена од 50 денари за акција

Секој акционер во скопската компанија РЖ „Економика“ ќе може да ги продаде своите акции по цена од 50 денари за акција на кавадаречката компанија ГМЛ ДООЕЛ. Годинава ова е првата најава за јавно превземање компанија.

Кавадаречката компанија ГМЛ, која кон крајот на декември лани стана најголем поединечен акционер во РЖ „Економика“. Поседува 40 отсто од сите акции со право на глас. Втор најголем акционер е скопскиот металуршки гигант „Макстил“ кој поседува 20 отсто од акциите, а трет најголем поединечен акционер е скопската фирма „Фирст Поинт МН“ која поседува 8 отсто од акциите.

Според официјалните податоци кои се јавно достапни од базата на Централниот депозитар во РЖ „Економика“ има над 3.100 акционери домашни физички лица кои сега имаат можност да одлучат дали ќе ги продадат своите акции или останат и понатаму акционери. Понудената цена е 50 денари и, според официјалните берзански податоци, оваа е највисоката цена по која таа акција се тргувала во период од една година наназад. Со оглед на тоа, согласно со законските услови, таа цена и е предложена од потенцијалниот купувач.

Со оглед на фактот што даде намера за јавна понуда сега кавадаречката компанија ќе депонира над 261.000 евра со кои се гарантира дека ќе бидат платени сите акции што ќе бидат запишани за продажба.

Доколку „Макстил“ одлучи да ги продаде сите свои акции во РЖ Економика за тоа ќе наплати една третина од депонираните средства односно 87.000 евра. Околу 37.000 евра се резервирани за третиот најголем акционер односно „Фирст Поинт МН“ доколку реши да ги продаде своите акции. Околу 137.000 евра се резервирани за повеќе од 3.100 мали акционери кои се домашни физички лица.

Како што веќе пишувавме кавадаречката компанија ГМЛ кон крајот на декември купи 20 отсто од акциите на РЖ Економика и со тоа стана најголем поединечен акционер во таа железарска компанија. Сега ГМЛ поседува 40 отсто од сите акции во РЖ Економика.

На овој линк е намерата на ГМЛ да даде јавна понуда со која ќе ги превземе сите слободни акции во РЖ Економика https://www.mse.mk/Repository/Ponudi%20za%20Prezemanje/RZ%20Ekonomika%2026.12.2024/%D0%98%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%93%D0%9C%D0%9B%20%D0%94%D0%9E%D0%9E%D0%95%D0%9B%20%D1%83%D0%B2%D0%BE%D0%B7%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B7%20%D0%9A%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%80%D1%86%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D1%83%D0%B4%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%96%20%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%90%D0%94%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5.pdf

Повеќе детали за случувањата во РЖ Економика има и на овој линк https://faktor.mk/kje-gi-ogree-li-sonce-3000-mali-domashni-akcioneri-vo-rz-ekonomika-akcioner-dokupi-20-od-akciite-na-ovaa-zelezarska-kompanija

Н.С.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност