15 Јануари, 2025
0.0281

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Ќе го истражуваат паритетот на куповната моќ, ќе го пресметуваат бруто-домашниот производ, ќе прават пресметки за надворешна трговија, за градежна статистика, ќе пресметуваат цени на производителите на индустриски производи, и ќе прават многу други стручни и аналитички процеси, и сето тоа за исклучително ниски и неконкурентни плати од 28 илјади денари, и само две повисоки, односно една од 30 и една од 34 илјади денари, за малку посложени работни места.

Државниот завод за статистика распишал оглас за примање на 14 вработени во своите редови, а она што паѓа во очи е дека за сите нив се бара високо образование, но месечните надоместоци не само што се далеку од атрактивни, туку и целосно немотивирачки за некој квалитетен кадар да се нафати и да се кандидира за работа во оваа исклучително значајна државна институција.  

А, токму вработените во Државниот завод за статистика се дел од оние кои вчера излегоа на протест пред Министерството за финансии, токму поради ниските плати кои ги земаат.

Инаку во огласот, првиот кадар, на пример, што се бара, е помлад соработник за истражување на паритетот на куповната моќ и ИНПУТ-ОУТПУТ табели, во одделението за пресметка на БДП по расходен методи. Тој треба да има ниво на квалификациите VIБ според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Организациони науки и управување, односно менаџмент, и да биде со или без работно искуство во струката. А, како посебни работни компетенции треба да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, односно англиски, француски и германски. А, неговата плата ќе изнесува 28.174 денари.

Второто работно место што е отворено е за помлад соработник за пресметка на БДП по расходниот метод по постојани цени на годишно и квартално ниво, при што тој треба да има ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, и тоа економски или организациони науки и управување. Може, но и не мора да има работно искуство. Неговата плата ќе биде исто, 28.174 денари.

Статистика бара и помлад соработник за надворешна трговија, со ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, исто економски или организациони науки и управување, односно менаџмент, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде исто како и претходните двајца, 28.174 денари.

Понатаму, ќе се бара соработник за градежна статистика, во Одделението за индустрија, градежништво и деловни тенденции, за малку повисока плата, или безмалку 30 илјади денари. Има оглас и за помлад соработник за цени на производители на индустриски производи, а неговата плата повторно е предвидена на 28.174 денари, а се бара и помлад соработник за статистички деловен регистар, чија плата ќе биде 28.174 денари.

Натаму, во огласот се бара и помлад соработник за истражување и развој, за истатат оваа плата, како и помлад соработник за цена на труд и структура за заработувачка, кој ќе го зема истиот износ на плата, а бараниот кадар како што е помлад соработник за статистички и математички методи, е предвидено да зема исто така 28.174 денари.

Е сега, повисока плата од 34.382 денари, која сепак е далеку од премногу атракртивна, ќе зема советникот програмер за складишта на податоци, кој треба да има  ниво на квалификациите VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, и тоа математика или информатика, и најмалку три години работно искуство во струката. Но, тука попривлечните плати завршуваат.

И натаму, четворицата наредни кадри, ќе земаат исто по 28.174 денари, и тоа помлад соработник програмер за складишта на податоци, потоа помлад соработник за информирање, помлад соработник за статистички истражувања во регионално одделение за статистика во Велес, како и помладиот соработник за статистички истражувања.

Како што може да се забележи од огласов, и овде не е дадена етничката припадност на вработените кои се бараат, бидејќи беше укинат балансерот, а се работи на ново законско решение.

Како што е познато, вработените во неколку министерства и државни институции вчера излегоа на протест, барајќи зголемување на платите за 30 отсто. Протестот е организиран од УПОЗ, но стигнаа критики од Владата, од каде сметаат дека е тој незаконски и политички мотивиран. Портпаролката на Владата, Марија Митева, изрази изненадување што УПОЗ, како прв чекор, го избрал штрајкот наместо дијалог.

„Секој штрајк треба да биде организиран во согласност со Законот за работни односи и колективните договори, да биде најавен согласно Законот, да се спроведе постапка за помирување и да се определат нужни работи кои мора да се вршат. Ниту еден од овие законски услови не е исполнет, што говори за незаконитост на штрајкот и отвора сомнеж за политичка мотивација,“ изјави Митева.

Таа обвини дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина и додаде дека Синдикатот изминативе години молчел за ова прашање, што дополнително отвора сомнеж за нивната мотивација.

Претседателот на УПОЗ, пак, Трпе Деаноски, истакна дека барањето за 30 отсто зголемување на платите датира од пред четири години, но досега не било исполнето од ниту една влада.

„Висината на платите на вработените што денес протестираа почнува од 25.010 денари, а просечната плата е околу 29.000 денари, што е значително под просекот на државата од 42.124 денари. Бараниот додаток од 30 отсто би значел зголемување од 6.000 денари, но дури и со тоа, платите би останале под просекот,“ рече Деаноски.

Н.Н.Ф.

Фото: Фејсбук УПОЗ

Можеби ќе ве интересира

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?