05 Декември, 2025
0.0274

ФАКТОР АНАЛИЗА: Колку заработуваат нашите нотари? Седнете пред да прочитате!

Објавено во: Анализа 20 Јуни, 2025 13:15

Добивај вести на Viber

Штембил, печати потпис злато вредни! Од заверки на документи прават профити од десетици и стотици илјади евра. За една година заработуваат да купат во просек еден стан. Тоа се македонските нотари. Најуспешниот меѓу нив лани направил профит од 380.000 евра, а од најголемите осум нотарски канцеларии само една има профит помал од 100.000 евра. Просечната профитна маргина надминува 30% од остварените приходи. Зошто државата дозволува толку високи награди за овие чиновници, кои се незадоволни па бараат и зголемување на цените?!

Нотарскиот занает злато вреди во Македонија! И повеќе од тоа. Нема еснаф што има „помрсни профити“ ако се анализираат финансиските извештаи во Централниот регистар. Какви банкари, менаџери, директори... нотарите во Македонија заработуваат убедливо најдобро од сите.

Најтешко е да се дојде до лиценцата за нотар. Тоа е како државна концесија. Потоа е песна. Треба да најдете стан во кој ќе поставите бироа и шкафови, да накупувате принтер, компјутери, хартија, фасцикли и секако неговото височество штембил или печат кој злато вреди. Се по закон и согласно со Уставот. А парата почнува да тече како луда. Заверка на еден лист хартија 150 денари.

Не ви треба маркетинг – државен монопол сте. Не ви треба бизнис стратегија – само отворете ги вратите на канцеларијата, клиентите сами доаѓаат. Се што треба е минимум љубезност онака од општа култура. Секако и фискална сметка, за се да биде по закон...

Според достапни податоци од сајтот на Нотарската комора во нашата земја активно работат помалку од 200 нотарски канцеларии.                                                             Р.Ф.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?