Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!
Објавено во: Економија, Анализа 15 Мај, 2025 12:13
Најмногубројната општина во Македонија на економски план во 2024 година изнедри 14 приватни компании и што е најважно локално основани и домашно поседувани кои успеаја да направат годишен приход еднаков или поголем на 10 милиони евра. Ова го покажува анализата на годишните податоци за кумановската економија кои ја подготви „Фактор“.
Повторно и неизбежно број еден бизнис семејство во Куманово се Каранфиловски. Во годината што е зад нас обединети околу трите најпрофитабилни фирми кои работат на територијата на Општина Куманово.
Воедно и преку сопственост врз најголемата фирма според приходи и уште две други во најголемите пет кумановски компании.
Каранфиловски упорно докажува дека и во Македонија и не е се така црно, лошо, корумпирано, неспособно и партиски зависно... Има и такви кои имаат визија, знаење, енергија и вештини да водат фирми кои прават големи пари за наши услови. Навистина треба да си калибар за да ја засениш целата бизнис елита во најголемата општина во Македонија. Да контролираш директно и посредно четири фирми и нивниот кумулативен приход да надминува 90 милиони евра. И при тоа да не се сликаш со политичари, министри, премиери и амбасадори.
Тоа е дострел на кој „се влажнат“ многумина менаџери или бизнисмени во земјава. Но ретко кој е калибар да оствари таков таргет. Иако во бизнис круговите знаат за кој се работи, овој кумановец за жал е анонимен за општата македонска јавност на која редовно и во големи дози и се сервира само дневна политика.
Тони Каранфиловски е менаџер и сопственик на неговата матична „хенд мејд“ фирма „Квалитет пром“, а е косопственик со братот Дејан во „ДЕТ ОИЛ“. Преку овиe две фирми одлучува и за деловните потфати на ФЗЦ „11 Октомври“ Куманово и за „Рапид Билд“.
Генерално листата на најголеми кумановски компании покажува дека овој голем македонски град има силна и разноврсна индустрија, но и силни компании од услужните дејности. Еве ги најголемите компании во кумановскиот регион: Р.Ф.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





