ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен
Објавено во: Економија 21 Мај, 2024 07:43
АД ЕСМ е компанија со најголема добивка остварена во 2023 кај компаниите чија приоритетна дејност е производство на електрична енергија, додека ЕВН Хоме има најголем профит кај трговците со струја, односно оние што ја продаваат на крајниот потрошувач.
Државните електрани имаат добивка од 9.770.000 евра, додека универзалниот снабдувач со струја за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар има заработка од над 20.000.000 милиони евра. Сите десет компании - по пет најдобри во двете категории, имаат вкупна добивка од околу 65 милиони евра.
Кја трговците на второ место е ЕВН Продажба, фирмата-ќерка на АД ЕСМ, која ги продава вишоците на електрична енергија и ги снабдува со електрична енергија најчесто јавните установи како болниците и училиштата.
Во Топ-5 трговци со најголеми добивки за минатата година се и имињата на Ренувабал Енерџи Суплај (РЕС), откупувачот на струја од обновливи извори на енергија што потоа ја продава на крајни корисници, „Дуферцо“, кој покрај останатите го снабдува и АД ЕСМ со електрична енергија кога има недостатоци на производство, и Терна Енерџи Трејдинг, која има раст на профитот на годишно ниво од 283 отсто.
Терна Енерџи Трејдинг направи добивка од речиси 2,4 милиони евра со само еден вработен. Станува збор за истоимена компанија од Бугарија која е управувана од петмина Грци.
Кај производителите во друштво со АД ЕСМ се ЕВН Електрани, фирмата-ќерка на АД ЕВН Македонија, која има свои постројки за струја, Централ Инвест, сопственик на хидроцентрали и фотоцентрали, и гасната централа АД ТЕ-ТО.
На петтото место е штипската КТМ Енерџи Солушн, која работи само две години, но за брзо време се најде меѓу најдобрите по остварена добивка за минатата година во Штип. Компанијата во сопственост на Трајче Димитров, Марјан Јовчевски и Кристијан Колев од 250.000 евра добивка во 2022 направи скок на заработка од 2,4 милиони евра во 2023. Приходите се зголемени повеќе од петкратно. Треба да се каже дека иако официјалната дејност е „производство“, друштвото првенствено работи со опрема и инсталирање на фотоцентрали.

Инаку осум од десетте компании влегоа во 100-те најуспешни за 2023 по остварен профит.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




