ФАКТОР АНАЛИЗА: Најпознати и најголеми адвокатски друштва во Скопје?
Објавено во: Анализа 17 Јуни, 2025 11:44
Да најдеш добар адвокат е половина завршена работа, кажува народната мудрост. Адвокатската професија е често критикувана, а воедно и посакувана. Мед и пелин, топло и ладно, може и не мора да значи. Од тужба до рочиште, од поднесок до пријава. Одложи, закажи, побарај, одречи. Предложи и докажи, побарај или изземи. Секогаш тука за својот клиент. Тоа е секојдневието за секој адвокат.
Важно е познавањето на законите, правната логика, но и контактите, праксата и рутината. Нема ниту една друга професија за која обичните луѓе имале и имаат повеќе поделени мислења. Но тоа и не е важно кога ќе имаат зорт, секогаш бараат добар адвокат. Тој што ќе ја истера нивната вистина низ судската пресуда.
Скопје е македонска престолнина во секоја смисла на зборот. И правото и правосудството не се исклучок од ова. Град со најногу основни судови, апелациски, Врховен суд, два управни суда и секако во кој седиште има и Уставниот суд.
Тоа значи илјадници предмети годишно, поднесоци, одложувања, претставки, доставници, аргументи, изземања... Сето тоа некој треба да го смисли, сложи, напише на хартија, поднесе и образложи.
Затоа што има најголем правен промет во Скопје логично е тука да се и најголемите и најпознати адвокатски друштва. Угледот го црпат од годините работа во која покажале и докажале дека знаат да бранат и напаѓаат, да докажуваат и укажуваат аргументирано. По процедура и по деловник, по правилник и упатство. Некогаш формата е и поважна од суштината, но тоа е нашето правосудство. На крај е важно да е задоволен клиентот, да се добие предметот и да се наплатат паушалите и хонорарите.
„Фактор“ направи ранг листа на најголемите адвокатски друштва во Скопје. Аргумент за нивниот ангажман се приходите што ги прават во тек на една година. Тоа ги рангира и укажува колку клиенти имаат и колкави пари заработуваат.
Пред вас почитувани читатели е листата на најголемите и најуспешни скопски адвокатски друштва:

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





