Фактор анализа СТРУМИЦА 2024: Бизнисот „врвa“ иако него го нема! Кои 17 фирми свртеле од 10 до 67 милиони евра?
Објавено во: Економија, Анализа 13 Мај, 2025 08:20
Увоз на текстил, градежништво, транспорт и трговија со нафтени деривати, агропроизводство и трговија на големо и на мало... ова се клучните состојки на струмичкиот уникатен економски специјалитет во кој доминираат домашните состојки: претприемчивост, предвидливост, навремена реакција односно сè што е потребно за бизнисот да продолжи да оди напред и да се развива
Струмица е најголемата економија во југоисточна Македонија, но и на целиот исток на земјава, покажува анализата на податоците од базата на податоци на државниот централен регистар за 2024 година. Струмица е специфична и силна економија која јачината ја заснова на уникатна комбинација на многубројните самовработени семејства ангажирани во земјоделието и изразеното вродено претприемништво на населението од целата струмичка котлина. Заедница на отворени луѓе, гостопримливи и весели луѓе кои знаат да работат, но и да заработат.
Од историските Астарион преку Тивериопол до денешна Струмица овој регион е огромно богатство на културно историски споменици, важен трговски крстопат и повеќе од дваесет века урбан центар. Многу е веројатно дека токму историските белези и промени влијаеле врз локалната култура на тие луѓе кои секогаш се отворени, претприемчиви, гостољубиви и разговорливи.
Отворена економија доминанто пазарно ориентирана која непосредно граничи со соседна држава, а има силни и интензивни бизнис релации и со јужниот сосед.
Анализата на „Фактор.мк“ покажува дека 12 компании кои лани успеале да остварат приходи поголеми од 15 милиони евра што е солиден резултат за општина која има околу 50.000 жители. Струмица е уникатна и по тоа што нејзината економија воопшто не зависи од странските гринфилд инвестиции затоа што според приходи и според добивка водат домашно поседувани локални фирми.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





