До крајот на октомври брзите тестови за ковид достапни во земјава: Македонија ги набавува од белгиската компанија Абот
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2020 12:59
Брзите тестови за Ковид-19 во
Македонија ќе бидат достапни веќе од крајот на октомври, евентуално почетокот
на ноември, открива за Фактор, директорот на Центарот за јавно здравје, д-р.
Александар Стојанов.
Тој потенцираше дека земјава ги набавува од реномираната белгиска компанија Абот, за која вели дека на интернационално ниво има големи успеси во здравствениот сектор, бидејќи претходно експертите во Абот развивале и вакцини.
-Како епидемиолог можам да кажам дека ние сме многу заинтересеирани за примена на тие таканаречени брзи тестови кои ќе имаат огромна примена кај нас. Пред сè би ги користеле во градинките, училиштата, болниците. Резултатот се добива за 15-тина минути. Ако има суспектни се прави тестот и за кратко време имаме резултат. Навистина многу ќе ни помогнат. Се знае протоколот каков е доколку тестот е позитивен, ако е негативен епидемиологот ќе процени дали треба да се направи дополнително тестирање во некои од Центрите за јавно здравје. Инаку, можам да кажам дека овие брзи тестови имаат голема сензитивност на вирусот, односно повеќе од 90 проценти точност. Подготвена е документацијата за нивна набавка и сè тече според сите регулативи, вели д-р. Стојанов за Фактор.
Тој потенцира дека многу од државите ги користат ваквите тестови на граничните премини, нагласувајќи дека во голема мера е се олеснети патувањата за граѓаните.
Во однос на цената за која се шпекулира дека тоа ќе бидат евтини тестови кои ќе чинат околу 250 денари, д-р. Стојанов појаснува дека тоа не би било можно зошто набавната цена на брзите тестови изнесува околу 10 евра.
Министерот за здравство, Венко Филипче набавката на ваквите тестови ја најави пред два три дена, кој нагласи дека на овој начин се надградува стратегијата за тестирање, односно користењето на брзите тестови ќе ја воспостават стратегијата за широко тестирање.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




