ФАКТОР ДОЗНАВА: Екс директорот на ЕЛЕМ експресно поставен за директор на РКЕ
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016
Поранешниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски експресно е избран за претседател на регулаторната комисија, дознава ексклузивно Фактор.
Бошковски неодамна беше разрешен од директорското место во ЕЛЕМ каде директоруваше од октомври 2012 година
до септември 2016 .
За тивките директорски смени во ЕЛЕМ и МЕПСО
Дејан Бошковски, неодамна беше разрешен од позицијата генерален директор на ЕЛЕМ. Според опозицискиот СДСМ, со смената на директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, се потврдиле катастрофалните политики што неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ ги воделе во енергетскиот сектор. СДСМ смета дека поради несовесното работење изминативе 10 години граѓаните плаќаат за 100 отсто поскапа струја.
По Бошковски, оставка си поднесе и Синиша Спасов, кој беше генерален директор на МЕПСО..
Бошковски - сопруг на Билјан Бришковска, позната од „бомбите“ на Заев
Инаку, Дејан Бошковски е сопруг на Билјана Бришковска Бошковска, заменик министер за правда, која јавноста имаше можност да ја слуша и во политичките бомби кои ги објавуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев..Во прокетот Вистината за Македонија, во неколку од „бомбите“ на Заев беа и разговорите на сопругата на Бошковски, Билјана Бришковска, во еден разговор со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а во друг разговор со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески..Една од „бомбите“ каде во разговорите се слуша гласот на Бришковска, е поврзана со сомневањата за изборни нерегуларности, а се разговара за гласачи од Пустец..
Р.Ф.