ФАКТОР ДОЗНАВА: Ивермектин има само во клиничката аптека на Аџибадем Систина
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2021 14:07
Во аптеките се
создаваат огромни гужви од граѓани кои го бараат лекот Ивермектин, за кој од
вчера има најава од Министерство за здравство дека го имаме во земјава. Лекот
не е на позитивната листа на лекови на ФЗОМ, но по медицинска индикација и со
розев рецепт матичните лекари веќе го препишуваат на своите пациенти. Малопродажната
цена на Ивермектинот чини 299 денари.
Фактор дознава дека овој моќен антипаразитик, за кој има бројни клинички студии дека дава одлични резултати во третманот на болните, но и дека превентивно делува на оние кои биле во контакт со инфициран од Ковид-19, засега го има само во клиничката аптека на приватната здравствена установа „Аџибадем Систина“.
Изворите на Фактор појаснуваат дека „Ивермектин“ се дава само на хоспитализираните пациенти во болницата, и само на пациентите на „Аџибадем Систина“.
Инаку, протоколот преку Лекарската комора уште вчера беше испратен до матичните лекари, а како што информираат од Министерството за здравство, до крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.
Министерството за здравство потенцира дека Ивермектинот е антипаразитски лек со широк спектар на делување, неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација.
-Апелираме граѓаните на своја рака да не го пијат лекот Ивермектин, бидејќи единствено лекар може да утврди дали постојат индикации за користење на лекот и доколку постојат во која доза и во комбинација со кои други лекови може да се користи Ивермектинот, порачуваат од Министерството за здравство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




