ФАКТОР ДОЗНАВА-КОВАЧЕВСКИ ИМА ОГРОМНА ПОДДРШКА ОД КАРПОШОВОТО И БРАНКОВОТО КРИЛО НА СДСМ: Ќе има големи позитивни промени во партијата
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2021 15:41
Откако заменик
министерот за финасии, Димитар Ковачевски потврди дека ќе ја поднесе
кандидатурата за иден претседател на владејачката партија-СДСМ во рок од 7 дена
со подготвена програма, извори на Фактор брифираат дека тој има огромна
поддршка од карпошовото крило на СДСМ.
Велат дека на 12.декември, за кога се закажани внатрепартиските избори, Ковачевски ќе биде безрезервно поддржан од Радмила Шекеринска, актуелната министерка за одбрана, од Душко Вескоски, кој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Карпош, од екс-градоначалникот Стефан Богоевски. Ковачевски ќе има силна поддршка и од Пеце Мирчевски- директорот на Заеднички служби, како и Виктор Исјановски-директор на Здравствен дом Скопје, а изворите на Фактор велат дека на страната на Ковачевски се и Леонид Наков и Игор Ивановски-Шема, луѓето кои во редовите на СДСМ важат за големи приврзаници на Бранко Црвенковски.
На листата на поддржувачи на Ковачевски, како што велат изворите за Фактор, се и имињата на Ангелчо Андоновски, поранешниот директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, а сегашен управник на Лекарските комисии, но и струмичкото крило на Карпош, Андреј Манолев и Тунџев, директорот на Катастар.
-Ќе има големи и позитивни промени во партијата, што секако ќе биде во насока за доброто на државата. Поддршката за Ковачевски води кон новиот бран реализирања на реалната и барана програма на која се занова СДСМ. Ова се прогресивни сили кои на 12.декември сета поддршка ќе му ја дадат на Димитар Ковачевски, кој долги години е во СДСМ и е навистина етаблиран кадар во партијата, велат изворите на Фактор.
Инаку, синоќа беше прифатена оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата претседател на Социјалдемократскиот сојуз.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




